ЕКТО плус, ЕКТО спорт и ЕКТО дизел се новите еколошки бензини коишто од денеска ќе се точат на сите бензински пумпи на нафтената компанија Лукоил Македонија. Новите горива се замена за стандардните Еуросупер БС 95, Еуросупер БС 98 и Еуродизел БС, а нивната цена ќе остане непроменета. Според генералниот директор на Лукоил Македонија, Андреј Куку, бензини со ваков висок квалитет се продаваат во сите земји на ЕУ, а отсега и за македонските потрошувачи. Тој јавно и се заблагодари на Владата на премиерот Никола Груевски и сите државни институции коишто овозможиле во најкраток можен рок да се регистрира и заштити брендот ЕКТО во Македонија. Изминативе неколку години во Македонија драстично е подобрена бизнис климата, особено поволностите во делот на урбанизацијата, со што полесно можеме да дојдеме до бараните дозволи за локации на нови бензински пумпи.
ЕКТО плус, ЕКТО спорт и ЕКТО дизел се новите еколошки бензини коишто од денеска ќе се точат на сите бензински пумпи на нафтената компанија Лукоил Македонија.
Новите горива се замена за стандардните Еуросупер БС 95, Еуросупер БС 98 и Еуродизел БС, а нивната цена ќе остане непроменета. Според генералниот директор на Лукоил Македонија, Андреј Куку, бензини со ваков висок квалитет се продаваат во сите земји на ЕУ, а отсега и за македонските потрошувачи. Тој јавно и се заблагодари на Владата на премиерот Никола Груевски и сите државни институции коишто овозможиле во најкраток можен рок да се регистрира и заштити брендот ЕКТО во Македонија.
- Изминативе неколку години во Македонија драстично е подобрена бизнис климата, особено поволностите во делот на урбанизацијата, со што полесно можеме да дојдеме до бараните дозволи за локации на нови бензински пумпи - рече Куку на балканската промоција на новите типови на бензини што се одржа во Скопје, на која присуствуваше и амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Олег Николаевиќ Шчербак. Според него ЕКТО горивата имаат подобри експлоатациски и еколошки својства коишто ја подобруваат работата на моторот, ги намалуваат штетните материи во издувните гасови, но и штедат гориво. Анализите покажале дека со употреба на ЕКТО горивата на 500 километри се заштедува 3,5 проценти од горивото, а на 2.000 километри заштедата е до 5 проценти.
- Со еден резервоар на возилото при употреба на новите горива ќе се поминат 30 километри повеќе - објаснува Куку. Според него се намалуваат издувните гасови и тоа за двапати азот, 8 проценти канцерогени материјали и сулфурот, а животниот век на моторот се зголемува. Со ЕКТО горивата се постигнува и поголема брзина на возилата, а бучавата се намалува.
- Имајќи предвид дека во Македонија се користат многу стари автомобили со дизел мотори во почетната етапа на бензинските пумпи на Лукоил паралелно ќе се продаваат ЕКТО, дизел и стандардниот Еуродизел БС, бидејќи поради чистењето на наслагите во резервоарите и во системот на гориво на почетокот може да има зачепување на филтерот со талози - укажува Куку.
Бидејќи се работи за бензини што се по македонски стандарди, регулирањето на цената и понатаму ќе го врши Регулаторната комисија за енергетика, а самиот факт дека не се менува цената на горивото коешто е многу поквалитетно, индиректно значи намалување на цената на бензините.
Вице-премиерот за економски прашања Владимир Пешевски е задоволен што на македонскиот пазар се појавува гориво со високи стандарди токму од компанијата Лукоил, што пак покажува дека таа претставува сериозен странски инвеститор во земјава.
- Сепак, најголемиот бенефит ќе го имаат потрошувачите. Владата ќе им овозможи Лукоил да продолжи да се шири во земјава и да се обезбедат соодветни локации за изградба на нови бензински пумпи - вели Пешевски. Тој нагласи дека со новите законски измени во градежниот сектор ќе се овозможи и позабрзано издавање на градежни дозволи.